Шокантна изјава на осомничениот за нападот во Париз: Ние ве нападнавме, но немаше ништо лично

1 min read

Главниот осомничен во судскиот процес за нападите во Париз во ноември 2015-та година се обиде да го оправда убиството на 130 луѓе како одмазда за француската воена акција против џихадистите на Исламската држава (ИД).  

Обвинителите велат дека Салах Абдеслам (32) е единствениот преживеан припадник на ИД, кој го нападна Париз таа ноќ, пренесува Би -Би -Си. 

„Ја нападнавме Франција, го таргетиравме нејзиното население, цивилите, но немаше ништо лично“, рече тој на судењето. 

Неговите зборови ги шокираа и ги вознемирија преживеаните и роднините на жртвите на судењето.  

Тој го прекина судењето минатата недела поради два испади, но овој пат судијата им дозволи на обвинетите да дадат кратка изјава, а новинарите рекоа дека неговото однесување е понормално. За неколку недели, сведоци на крвавиот напад врз салата Батаклан ќе сведочат во Франција. Иако се судат 20 обвинети, Салах Абдеслам е првоосомничен, а само 13 лица до него ќе се појават на суд. Се смета дека другите се мртви. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Интервју со Александар Василевски: Успеав во посакуваното, …ДВОРЧЕТО… нуди убавини и уживање за сите членови!

Следно

Нема прекин во изградбата на модуларните амбуланти во Скопје, велат од МЗ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian