Се затвора модуларната ковид-болница во Гостивар

1 min read

Гостиварската модуларна ковид-болница наскоро ќе биде затворена, поради тоа што од неа во моментов нема потреба, пишува порталот Гостивар прес, повикувајќи се на надлежните.

„Во модуларната болница моментално се хоспитализирани тројца пациенти со ковид, кои најверојатно ќе бидат отпуштени дома неделава, а објектот привремено ќе се затвори. Состојбата со коронавирусот бележи стабилизација и имаме доволно капацитети за болничко лекување и без модуларната болница“, вели д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.

„Претходно потешките случаи беа префрлени на интерното и нервното одделение кои функционираат како ковид центри. Се надеваме дека нема да има нови бранови, но доколку се случи модуларната ќе се активира повторно“, додава тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Те сакам, супер-жено моја, ѝ рече Игор на Илина која го искачи еден од најтешките врвови во Јужна Америка

Следно

ВИДЕО: Спектакл на Енфилд, „кралска“ вечер во Милано, ПСЖ не може ни со Меси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian