Сакам да му ја вратам душата и убавината на Скопје, вели Арсовска

2 mins read

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, во интервју за „Женски магазин“ вели дека има желба, визија и план да го промени Скопје на подобро, токму и затоа се канидидала на овие избори. 

-Од меѓународни успеси, локални деловни луѓе, од пријатели, од граѓани што ги среќавам – секогаш ги слушам истите поплаки за политиката во Македонија и во Скопје. Истите поплаки ги има секој еден граѓанин – дека овој град не функционира, не е веќе чист, туку е во хаос и ја загуби душата. Не сум личност што се жали и знам дека ако сакам да ги променам работите, мора да се превземе нешто. Јас сум менаџер, имам знаење, имам конкретен план и знам дека Скопје може да биде современ град со квалитетни и одржливи решенија. Сакам да го променам Скопје на подобро и имам јасна визија и план како да го направам тоа. Затоа се кандидирам на овие избори, вели Арсовска во интервјуто. 

„Сакам да му ја вратам душата и убавината на Скопје“, вели таа евоцирајќи спомени од Скопје во минатото, кога таа била дете. 

-Кога растев, животот во Скопје беше поедноставен, имаше свои предизвици но имаше и душа. Се сеќавам на култните места и живот во Скопје, културните настани, луна паркот. Скопје како град на животот, имаше своја посебна магија. Но, оваа магија денес ја нема. Наместо модернизација, повеќе зеленило, брз и ефикасен јавен сообраќај, ние во изминатите 4 години гледаме масовна бетонизација. Ставија бетон насекаде, го уништија зеленилото, без размислување. Во исто време, нема грижа за парковите, игралиштата, јавната инфраструктура, го ставија нашиот некогаш жив и прекрасен град во сива зона. За жал, тоа е лицето на нашето Скопје денес, вели Арсовска. 

 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Најстариот американски ветеран од Втората светска војна го прослави 112-от роденден

Следно

Анализа: Смртта од коронавирусот е ретка кај вакцинираните луѓе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian