Режисерот Манчевски јавно ги повика канидатите да се откажат од идејата низ центарот на Скопје да се пробива автопат и да се гради тунел

2 mins read

Нашиот познат режисер Милчо Манчевски, на својот фејсбук профил, упати јавен повик до идните градоначалници да, како што вели застанат на страната на човекот, а не на автомобилот. 

-Ги повикувам кандидатите за градоначалник на Скопје да застанат на страна на човекот, а не на автомобилот; ги повикувам јавно да се откажат од идејата низ центарот на градот да се пробива автопат и да се гради тунел. Намерата да се продолжи бул. Климент Охридски со мост на Вардар и тунел под Кале ќе доведе илјадници нови коли во центарот на градот, ќе предизвика дополнително загадување на еден од најзагадените градови во светот, ќе ја зголеми бучавата, ќе предизвика дополнително уништување на животот на човекот за сметка на автомобилот. Патем ќе го уништи паркот кај Жабарот и ќе предизвика постојан безбедносен ризик на зградата на Владата, вели Манчевски. 

Тој појаснува дека оваа идеја е рецидив на план стар повеќе од половина век (1965), план создаден во време кога автомобилот беше крал, а човекот слуга.

-Сите големи градови денес се коригираат – се одземаат сообраќајни ленти и се прават вистински пешачки зони во центрите на Њујорк, Лондон, Париз, Амстердам… Сите студии и пракси од последните триесетина години ја потврдуваат целисходноста на овој пристап, смета Манчевски. 

-Спојувањето на северот и југот на Скопје може да се оствари многу поефикасно и далеку поевтино ако се додадат по две ленти на потегот од мостот кај Александар Палас до семафорите кај Качанички пат и ако дополнително се модернизира овој обиколен пат. Со тоа центарот ќе се растерети, а северот и југот на градот ќе бидат поефикасно поврзани, вели познатиот режисер. 

На крајот порача дека тој со почит ќе гласа за оној кандидат кој тоа ќе го прави. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО: Скопските балетанки и влечки беа надалеку познати – сега овој занает го чува само Шериф Даци од Скопската чаршија

Следно

Филипче: Вирусот има широка инфекција, ја следиме ситуацијата и ако е потребно ќе има нови мерки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian