Продолжен рокот за продажба на сезонски билети за натпреварите на Вардар

1 min read

Рокот за продажба на сезонските билети за натпреварите на РК Вардар1961 е продолжен за уште два дена.

На барање на навивачите на „црвено-црните“ кои поради различни причини не беа во можност навреме да обезбедат сезонски билет, РК Вардар им излезе во пресрет на навивачите и ја продолжи продажбата на сезонски билети за дополнителни два дена, односно за денеска и утре.
Продажбата на билетите ќе се врши на страницата купи карти за се, како и на сите продажни места низ Македонија.

За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански” ќе може да биде исполнета со максимално 30 отсто од капацитетот.
По завршување на овој рок доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.
Исто така гледачите при влез во СЦ „Јане Сандански“ ќе мора да покажат и
сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) за заштита од коронавирус, односно примена најмалку прва доза вакцина против ковид-19 или
сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Јанковски: Заштита од пожар во модуларните болници уште при проектирањето

Следно

Во Хаг започнува првото судење во Специјалниот суд за Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian