Познати полуфиналните двојки на ЕП, Словенците ѝ се реваншираа на Чешка

1 min read

Денеска во последното четвртфинале на Европското одбојкарско првенство репрезентацијата на Словенија со резултат 3:0 во сетови 25:21, 25:19 и 27:25 ја совлада Чешка.

Чесите не го искористија домашниот терен во Острава каде што овие две селекции се сретнаа еднаш во групната фаза и триумфираа домаќините со 3:1.

Но, Словенците се реваншираа и за пласман во големото финале ќе играат против Полјаците кои вчера максимално со 3:0 славеа над Русија.

Најефикасен во победничката селекција беше Стерн со 19 поени, шест помалку имаше Урнаит, а на спротивната страна 13 поени забележа Галабов.

Сите мечеви од завршницата на ЕП ќе се играат во полскиот град Катовице, на 18 септември покрај дуелот помеѓу Полска и Русија, ќе се игра и второто полуфинале помеѓу актуелниот европски шампион Србија и Италија. Следниот ден на 19 септември се финалето и натпреварот за третото место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување ќе добијат повисоки плати

Следно

Разговор со Ива Матиќ, пилот на авион на комерцијални летови: Уживам на небото во магичните пурпурни зајдисонца и секогаш различните изгрејсонца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian