Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување ќе добијат повисоки плати

1 min read

На пиротехничарите вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, поради видот, природата и сложеноста на работите и задачите и поради изложеност на висок ризик по животот и здравјето, им се утврдува додаток на плата во висина од 35%, соопшти ДЗС денеска, информирајќи дека ова е усвоено по второто читање на дополнетиот предлог за измени во Законот за заштита и спасување во Собранието.

„Пиротехничарите ќе имаат подобри услови за работа почнувајќи со зголемување на платата за 35%“, се вели во соопштението.

„Вработените службени лица од областа на безбедноста, распоредени на работи и задачите Генерален инспектор, Помошник на Генерален инспектор и Инспектор, покрај додатокот на плата од ставот 17 на овој член, имаат и право на инспекциски додаток на плата во износ од 30% од основната плата согласно Законот за инспекциски надзор“, додаваат од од Дирекцијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

(ФОТО) Шилегов: За десет дена го реконструиравме Булеварот „Крсте Мисирков“

Следно

Познати полуфиналните двојки на ЕП, Словенците ѝ се реваншираа на Чешка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian