Пеналите среќни за Вардар, Пелистер броеше до девет во Купот

1 min read

Денеска се одиграа натпреварите од 1/16 финалето во Купот на Македонија, во најинтересниот Вардар на пенали ја елиминираше прилепска Победа со 5:4 или 6:5 севкупно.

Во регуларните 90 минути резултатот беше 1:1, водство за „црвено-црните“ донесе Блажевски со прекрасниот погодок од слободен удар во 54 минута, а Победа израмни во самиот финиш (90+4`) преку Стомнаровски.

Ударите од белата точка го решаваа патникот во осминафиналето, во првите четири серии двете екипи беа прецизни, а во петтата голманот на Вардар Илиќ го одбрани ударот на Петејчук.

Успешен беше и Работнички кој убедливо со 3:0 ја елиминираше екипата на Слога Виница. Стрелци на головите за „романтичарите“ беа Стојкоски од пенал во 10, Лазарово 61 минута и Аломеровиќ во 63 минута.

Брегалница во Охрид со 1:0 триумфираше над Воска Спорт. Погодокот за штипјани го реализираше Додев уште во седмата минута на стадионот „Билјанини извори“.

Битолски Пелистер беше најубедлив во дуелите, со дури 9:0 го елиминираше Љуботен, Здравевски запиша хет-трик, Маневски имаше два голови, а по еден Суљемани Јуфо, Талевски и Илиевски .

Во останатите средби од 1/16 финалето во Купот на Македонија: Беса – Скопје 1:1 (пенали, 3:4), Детонит Јуниор – Македонија ЃП 0:3, Кораб – Беласица 1:2, Гостивар – Ренова 0:4, Лок. Градско – Охрид 0:2, Новаци – Тиквеш 0:2, Саса – Струга Трим Лум 0:2. На 22 септември ќе играат Кит Го – Шкендија, Њу Старс – Борец и Велешта – Шкупи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

Следно

2,8 милиони странски туристи годинава ја посетиле Албанија, речиси половината биле од Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian