Нема прекин во изградбата на модуларните амбуланти во Скопје, велат од МЗ

1 min read

Министерството за здравство, по информациите дека е запрена градбата на три објекти на модуларни болници во Скопје, соопшти дека замената на времените објекти од амбулантно-поликлиничка дејност, се одвива согласно планираните активности и дека на терен се одвиваат активности поврзани со инфраструктурни приклучоци.

Министерството за здравство до овој момент не добило никакво известување од надзорот на објектите, ниту од изведувачот, дека се прекинати какви било активности, туку дека активностите се одвиваат според планираната динамика, велат од МЗ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шокантна изјава на осомничениот за нападот во Париз: Ние ве нападнавме, но немаше ништо лично

Следно

ЛШ: Вардар играше „топло-ладно“ во Норвешка, на крајот освои бод

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian