Најмалку седум пакистански војници беа убиени од пакистанските талибанци во најкрвавиот напад во проблематичниот племенски регион во земјата што се граничи со Авганистан, јави ДПА.
Одговорноста за нападот ја презеде Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП). Во нападот, што беше извршен во текот на ноќта во Јужен Вазиристан, ранети се четворица војници.
Пакистанскиот советник за национална безбедност Моид Јусуф го потврди нападот на брифинг во Исламабад, но не откри други детали