Металург вторпат по ред ги разочара своите навивачи

1 min read

И во својот втор натпревар сезонава екипата на Металург во македонската Суперлига претрпе пораз овојпат на гостувањето кај Прилеп од кој загуби со 28:24.

После стартниот пораз од Пролет со 24:22, играчите на тренерот Иван Марковски повторно ги разочараа своите верни фанови.

Во екипата на Прилеп прв стрелец беше Рустамов со седум голови, а шест постигна Чантурија.

На спротивната страна за тимот од Автокоманда доминираа Петров и Хорват со по пет голови.

Се одигра уште еден меч, во Кавадарци составот на Е. Пелистер триумфираше против Тиквеш со 30:24.

В четврток ќе се играат мечевите Скопје – Пролет, Е. Пелистер 2 – Бутел и Струга – Охрид, а еден ден подоцна Вардар 1961 е домаќин на Радовиш.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јанев: Техничката влада успеа да го заштити бугарскиот национален интерес во однос на позицијата кон С. Македонија

Следно

ВИДЕО: Насилни протсети во Љубљана, демонстрантите во судир со полицијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian