Филипче: Вирусот има широка инфекција, ја следиме ситуацијата и ако е потребно ќе има нови мерки

1 min read

Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, објави денеска на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека изутрината на редовна координација со директорите на клиниките разговарале за болничките капацитети, состојбата на болните и актуелната епидемиолошка состојба.

– Во ковид-центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој, напиша Филипче.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Режисерот Манчевски јавно ги повика канидатите да се откажат од идејата низ центарот на Скопје да се пробива автопат и да се гради тунел

Следно

Сопственикот на Наполи со проект вреден 10 милијарди евра сака да го менува фудбалот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian