Експлозија на плин во Чешка, пожарникарите трагаат по заглавените, има и мртви

1 min read

Експлозија на плин во Чешка урна станбена зграда, при што загинаа двајца пожарникари кои пристигнаа на помош, објави новинската агенција ЦТК, повикувајќи се на итните служби.  

Најмалку четири лица се тешко повредени во југоисточниот град Коричани. Двајцата загинати биле членови на доброволната противпожарна станица во градот. На местото на несреќата пристигнале неколку хеликоптери и десетици спасувачи. 

Со помош на кучиња трагачи се вршат потраги по исчезнатите под урнатините. Околностите за истекувањето на гасот се уште не се познати. Коричани има околу 2.700 жители и се наоѓа на околу 220 километри југоисточно од Прага. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Паника во Аеродром, автомобил се запали во близина на станбена зграда

Следно

Јанев: Техничката влада успеа да го заштити бугарскиот национален интерес во однос на позицијата кон С. Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian