2,8 милиони странски туристи годинава ја посетиле Албанија, речиси половината биле од Косово

1 min read

Според официјалните податоци на албанските власти, земјата во периодот јануари-август ја посетиле околу 2,8 милиони странски туристи, а речиси половина од таа бројка (1.381.532), биле посетители од Косово.

Според информациите кои ги пренесува сервисот на телевизиската мрежа „Јуроњуз“ на албански јазик, странските туристи во Албанија во просек остануваат 4,3 дена во земјата, а трошат по околу 52 евра на ден.

Во прилогот на „Јуроњуз“ се пренесуваат изјави на туристи од странство, кои ги фалат природните убавини на албанското крајбрежје, како и ниските цени.

„Многу е подобро одошто очекував. Има одличен однос меѓу цената и квалитетот. Заедно со храната и посетите на музеите, еден ден во Тирана чини околу 30 евра“, вели посетител од Босна и Херцеговина.

Сепак, дел од туристите забележуваат дека безбедноста и натаму е проблем во Албанија.

„Во Полска велат дека во Албанија има многу улични банди“, вели еден полски турист. Посетител од Шпанија, пак, вели дека слушнал за бандите, но дека тој и неговото семејство се чувствуваат безбедно во земјата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пеналите среќни за Вардар, Пелистер броеше до девет во Купот

Следно

ВИДЕО | Балканот во солзи: Актерката Сања Буриќ почина на 48-годишна возраст

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian