Загинатиот сведок на судењето против Нетанјаху бил на пат кон Македонија, пишуваат медиумите

1 min read

Поранешниот израелски функцинер и сведок на судењето против експремиерот Бенјамин Нетанјаху, Хаим Гарон, кој вчера загина во авионска несреќа во Грција, бил на пат кон Македонија, пишуваат медиумите.

Во малиот приватен авион „цесна 172“, кој се урна кај грчкиот остров Самос, каде требало да направи кратка пауз, загина и сопругата на Гарон, Ести.

„Тој многу сакаше да лета. Го купи авионот заедно со негов партнер за да можат редовно да летаат во странство. Тој беше одговорен пилот и не можеме да сфатиме што се случи“, изјави роднина на Гарон.

Гарон, кој е поранешнен заменик-директор на израелскиот Директорат за информации, беше сведок на обвинителството во судскиот процес против Нетанјаху. Експремиерот е обвинет за измама, злоупотреба на доверба и примање мито во три случаи на корупција. Во еден од нив, тој е обвинет дека промовирал закони и правилници кои му донеле стотици милиони долари на сопственикот на телекомуникацискиот гигант „Безека“ во замена за позитивно информирање на сајтот „Вала“. Гарон требаше да сведочи за усвојувањето на тие регулативи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Викториа Лоба и Маша уживаат покрај Егејското Море

Следно

Само 72 граѓани досега се изјасниле како Бугари на пописот во Македонија, дипломат бара да се одземаат бугарски пасоши

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian