Заев за „Слободен печат“: Не е точно дека некој некому дал некакви „бомби“ за да биде моќен

1 min read

Премиерот Зоран Заев во изјава за „Слободен печат“ најостро ги демантира обвинувањата против него дека на првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби му дал необјавен материјал од „бомбите“ (прислушуваните разговори) со цел тој да биде „моќен“ во ДУИ.

– Целосно ги негирам овие инсинуации. Не е точно дека некој некому дал некакви материјали за да биде моќен. Материјалите се предадени на обвининителството уште во 2017 година. Целосно ги отфрлам овие обвинувања како неточни и тенденциозни. Груби по функција е прв вицепремиер затоа што така одлучил коалицискиот партнер ДУИ. Тој исто така е секретар на ДУИ колку што знам јас – изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за „Слободен печат“.

Оваа реакција на премиерот доаѓа по обвинувањата на поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини изнесени во Студио 10 на ТВ24, дека моќта на вицепремиерот, Артан Груби е „подарок“ од премиерот Зоран Заев.

– Заев го направи силен Артан Груби. Му дал „бомби“ со снимки за сите кадри на ДУИ. И за Али Ахмети има „бомби“ – изјави Хајредини.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Загинаа двајцата патници во приватниот авион што синоќа се урна во близина на грчкиот остров Самос

Следно

Кривична пријава за кратовчанец, лажно пријавил украдено моторно возило

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian