Војна со „обложувачката мафија“, уапсени 1.400 лица и запленети 6.7 милиони евра

1 min read

Во акција на Интерпол во која мета беа илегални обложувалници за време на Евро 2020 се уапсени 1.400 лица и се запленети 6.7 милиони евра, објави Интерпол. Во Европа и во Азија беа направени повеќе рации во кое се запленети компјутери и мобилни телефони преку кои биле „свртени“ 394 милиони евра.

„Додека ЕП во најголем дел го гледавме како навивачи, стотина полицајци во 28 држави работеа на апсење на организирани криминални групи кои сакале да заработат милиони со илегално обложување, а со тоа и со перење на пари“, стои во соопштението на Интерпол.

Во една од најуспешните операции во Хонг Конг, полицијата запленила 2.3 милиони евра во кеш и детална евиденција за стотина милиони евра вредни облози.
Во Италија, била извршена проверка во 280 обложувалници и се изречени казни во висина од 1.3 милиони евра поради илегално обложување.

Ова е осма ација од операцијата „СОГА“(soccer gambling) која ги опфати Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Полска, Португалија, Романија, Русија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија, Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Камбоџа, Кина, Индија, Малезија, Малдиви, Филипини, Сингапур и Виетнам.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По напуштањето на собраниската сала од опозициските пратеници Џафери ја прекина седницата

Следно

Во Србија штетата од климатските промени изнесува 7 милијарди евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian