Вознемирувачка снимка од српскиот град Крагуевац, која е објавена на Инстаграм, го покажува моментот на страотна сообраќајка, во која учествуваат автомобил, автобус и шлепер.
Шлеперот десетици метри го туркаше автомобилот пред себе, на крајот приклештувајќи го во автобус кој стоеше на спротивната лента.
Несреќата се случила утринава околу 9:30 часот, а за среќа, немало повредени, пишуваат српските медиуми.