ВИДЕО: Баерн со нова лекција за Барса, „Старата дама“ се прошета во Малме

1 min read

Продолжија возбудувањата од првото коло во групите на Лигата на шампионите, во дербито на „Камп Ноу“ Баерн Минхен триумфираше над Барселона со 0:3.

Стрелци на головите за баварскиот гигант беа Левандовски кој двапати се запиша во листата на стрелците и еднаш Милер кој ја стартуваше гол серијата во 33 минута.

Во вториот меч од истата „Е“ група Динамо Киев на домашен терен ремизираше без голови со Бенфика. Во самиот финиш Украинците постигнаа гол преку Шапаренко, но истиот беше поништен поради офсајд.

Актуелниот европски шампион Челси минимално на својот „Стемфорд Бриџ“ беше подобар со 1:0 од рускиот Зенит. Стрелец на голот за лондонските „сини“ беше Лукаку во 69 минута после асистенцијата на Азпиликуета.

Во истата група „Х“ Јувентус ја оправда фаворитската улога во Шведска против Малме (0:3). За „Старата дама“ своите први три бода ги обезбеди уште во првото полувреме со головите на Алекс Сандро, Дибала и Мората.

Виљареал одигра нерешено 2:2 со Аталанта во групата „Ф“, а во групата „Г“ Лил без голови ремизираше со Волфсбург.

ВИДЕО: Срамен пораз на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од недела пад на температурите

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Аманда Горман воодушеви на Мет Гала: Девојката која го воодушеви светот со нејзината поема на инаугурацијата на Џо Бајден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian