Иако ураганот Николас ослабна, обилни дождови ги погодија Тексас и Луизијана, а постои можност за поплави и прекин на електричната енергија во тие држави.
Ова е втора голема бура што му се заканува на регионот во последните недели, откако Ида уби повеќе од дваесет луѓе во август кога ги опустоши локалитетите во близина на Њу Орлеанс, најголемиот град во Луизијана.
Big wind gusting over 70 mph in Matagorda TX earlier @accuweather #Nicholas pic.twitter.com/H0O5wnuKgp
— Reed Timmer (@ReedTimmerAccu) September 14, 2021
Николас до среда би требало дополнително да ослабне и да стане тропска депресија, објави Националниот центар за урагани (НХЦ). Тоа сепак може да предизвика поплави опасни по живот низ јужните делови на САД во следните неколку дена, предупреди агенцијата.
Ураганот Николас бил на околу 50 километри југозападно од Хјустон, Тексас во 4 часот наутро по локално време, а се движел североисточно со 110 километри на час.
Се очекува да врне до 25 сантиметри дожд во делови од Луизијана и јужен Мисисипи. Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс предупреди на опасноста од поплави предизвикани од поројните дождови, бидејќи дренажните системи се уште се затнати со градежен шут поради ураганот Ида и другите бури. Ројал Холанд Шел во понеделникот започна со евакуација на своите работници од нафтена платформа во Мексиканскиот Залив.