Шарени, меки и вкусни: Омлет мафини кои се подготвуваат за 15 минути!

1 min read

Ако сте љубител на јајцата, а ви здодеале класичната кајгана или класичното пржење „на око“, направете омлет мафини, во кои можете да додадете што сакате.

Едноставно се подготвуваат, а сите ќе ги обожаваат – и возрасните и децата.

Состојки:

4 јајца
100 мл млеко
две лажици брашно
зеленчук по желба: пиперки, кромид, тиквички, моркови, домати
малку масло
сол, бибер
Ако сакате, можете да додадете и сирење, кашкавал, шунка, сланина.

Подготовка:

Во подлабок сад изматете со миксер јајца, брашно, млеко и сол.
Исечкајте го зеленчукот по желби колку што можете поситно и пропржете го на малку масло неколку минути, а сувомесните намирници и сирење исечете ги на коцки.
Подмачкајте го калапот за мафини и во секој ставете ја смесата што сте ја подготвиле, вклучувајќи го и пржениот зеленчук.
Потоа, секој калап прелијте го со смесата со јајцата и одозгора изрендајте кашкавал.
Мафините ставете ги во претходно загреана рерна на 200 степени да се печат околу 15 минути.

 

Претходно

Од среда до недела Фестивал на комедијата „Гола месечина“

Следно

Загинаа двајцата патници во приватниот авион што синоќа се урна во близина на грчкиот остров Самос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian