Само 72 граѓани досега се изјасниле како Бугари на пописот во Македонија, дипломат бара да се одземаат бугарски пасоши

1 min read

Само 72 жители на Македонија досега се изјасниле како Бугари на пописот на населението што е во тек, пишува поранешниот конзул на Бугарија во Чикаго, Иван Анчев.

Тој во текст за порталот Фактор.бг додава дека ако на пописот само 1.000 луѓе покажат бугарско национално чувство, тоа би ја лишило Софија од секакви аргументи во актуелниот спор со Скопје.

Анчев додава дека останатите 130.000 баратели на бугарски државјанства потпишале изјава пред нотар дека имаат бугарско потекло и национално сознание, што значи дека дале лажна изјава – дело казниво според бугарскиот кривичен законик.

Дипломатот повикува да им се одземат пасошите на сите оние кои имаат бугарски државјанства, а не се изјаснуваат како Бугари.

„Некои од најголемите критичари на Бугарија на социјалните мрежи, кои најсилно извикуваат: „Бугари-татари“, се горди носители на бугарски пасоши. Од таа гледна точка, следува да запрашам: Дали ни се неопходни такви бугарски граѓани? Носители на бугарски пасош, кои со ништо не придонесуваат кон бугарската нација и бугарскиот народ. Поради таквите, кај мене се раѓа дилемата дали да предложам нешто екстремно: да ја укинеме натурализацијата, односно да им го одземеме државјанството на носителите на бугарски пасоши кои не се самоопределуваат како Бугари на актуелниот попис во РСМ“, вели Анчев во текстот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Загинатиот сведок на судењето против Нетанјаху бил на пат кон Македонија, пишуваат медиумите

Следно

Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian