Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед беше главна вест во летниот преоден рок. Португалецот во последниот дел од преодниот рок се врати во Јунајтед по пауза од 12 години и уште на првиот натпревар постигна два гола.
Но, според шпанскиот новинар Гилем Балаг, Роналдо не требаше да заврши во Јунајтед, туку во Манчестер сити и притоа објасни како пропадна трансферот.
„Роналдо и Жорге Мендеш преговаа со Манчестер сити, а и менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола беше загреан за овој трансфер. Пеп му вети на Кристијано дека ќе постигне повеќе од 40 голови сезонава. Дури и Јувентус се согласи на овој трансфер, тие веќе две години се обидуваа да го продадат Роналдо иако сето тоа го демантираат во медиумите. Колку тој трансфер ќе беше голем и важен најдобро говори податокот дека за него се зборуваше и во здружението на европски клубови“, пишува Балаг на својот профил на Твитер.
Let me tell you some clues of the #CR7 transfer (to be discussed at #Euroleagues of @5liveSport from 8.15pm UK time tonight
CR7 and Mendes were negotiating with City. It was their destination of choice and Pep could see the Portuguese striker scoring more than 40 goals a season pic.twitter.com/pK84nw3TAi
— Guillem Balague (@GuillemBalague) September 9, 2021
Шпанскиот новинар потоа објаснува каде настанаа проблемите, односно дека главен виновник за нереализираниот трансфер е Барселона.
„Сити пред да го реализира трансферот, мораше да продаде еден офанзивен играч. На нивната врата тропнаа Барселона и претседателот Лапорта кои беа заинтересирани за Рахим Стерлинг, Габриел Жесус и Бернардо Силва, но се пропадна кога им снема пари“, пишува Балаг.
„Роналдо сакаше да се пресели во Сити, но мораше да има и план Б. Се појави Манчестер јунајтед кој понуди и поголема плата од Сити, но помала од таа што Португалецот ја имаше во Јувентус. Манчестер јунајтед на почетокот не беше заинетресиран, но кога се појави оваа опција, тие знаеја дека Роналдо мора и треба да се врати кај нив. Беа воодушевени што можеа да го донесат за само 15 милиони евра плус бонуси“, додава Балаг.