Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите

1 min read

Непосредно пред почетокот на новата сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување, во продолжение дознајте кои се најдобрите стрелци во историјата на Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо кој летово од Јувентус се врати во својот поранешен клуб Манчестер јунајтед, моментно е на врвот со 134 голови од 176 натпревари.

Најмногу погодоци Португалецот има реализирано во групната фаза на ЛШ (67), потоа по 25 во осминафиналето и четвртфиналето, 13 во полуфиналето и четири во финалната битка за трофејот.

На второто место на оваа вечна листа е Лионел Меси, Аргентинецот исто така ова лето направи вистински „бум“ на трансфер пазарот, ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ.

Меси од 149 одиграни натпревари има 120 голови, на третата позиција е Роберт Левандовски со 73 голови (96 натпревари), четвртопласиран е Карим Бензема со 71 погодок од 130 мечеви.

Од петтото до 10 место редоследно следуваат Раул (71 гол), Рууд Ван Нистелрој (56 голови), Тјери Анри (50 голови), Андриј Шевченко (48 голови), Златан Ибрахимовиќ (48 голови) и Томас Милер (48 голови).

Време е за Лигата на шампионите, големо дерби на „Камп Ноу“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Само 72 граѓани досега се изјасниле како Бугари на пописот во Македонија, дипломат бара да се одземаат бугарски пасоши

Следно

Задолжителен селф тест за децата од четири до 11 години во Грција за патување со авион во земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian