Рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот претседател Башар ал Асад разговараа во Москва за воената соработка и операцијата за преземање на областа под контрола на бунтовниците во Сирија, јавија денеска државните медиуми во Дамаск.
Средбата на двајцата претседатели беше прва по самитот во јануари минатата година во главниот град на Сирија. Сириската државна телевизија јави дека состанокот траел долго, без да наведе точно кога се одржал. Путин и Асад разговараа за политичкиот процес во Сирија зафатена од војна, како и за борбата против тероризмот. Сириската опозиција соопшти дека руските воени авиони во изминатите неколку недели извршиле напади во северозападната провинција Идлиб, последното големо упориште на бунтовниците во земјата
Извор: МИА