Првиот човек на Ла Лига ги изненади сите: Реал Мадрид има пари за да ги купи и Халанд и Мбапе

1 min read

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, предизвика бура со изјавата дека дека Реал Мадрид има доволно финансиски средства за во 2022 година да ги донесе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабеу“.

Тебас изјави дека финансиската состојба во екипите кои настапуваат во Ла Лига не е толку негативна и загрижувачка како што пишуваат медиумите.
Кога станува збор за финансиската моќ на Реал Марид, Тебас вели дека клубот нема да им потреба да избира помеѓу Мбапе и Халанд туку дека може да ги донесе и двајцата наредното лето.

– Реал продаде играчи во вредност од 200 милиони евра и имаат доволно пари за да ги донесат Мбапе и Халанд заедно. Не само што не губеа пари, туку Реал заработи со продажбата на неколку фудбалери – изјави Тебас.

Првиот човек на Ла Лига не ја пропушти можноста повторно да го нападне ПСЖ кој според него е „државен тим кој е непријател на фудбалот“.
– Тоа што не е јасно е како клубот кој загуби 400 милиони евра поради пандемијата на коронавирусот, дава 500 милиони евра за плати и може да одбие понуда каква што Реал испрати за Мбапе (180 милиони евра). Тој клуб е штетен за фудбалот – додаде Тебас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Локалните избори во Косово нема да се одложат и ќе се одржат на 17 октомври

Следно

Роналдо поради Барселона не се пресели во Манчестер сити

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian