Од среда до недела Фестивал на комедијата „Гола месечина“

1 min read

Со изведба на претставата „Грдиот“ на Театарот „Комедија“, утре, 15 септември, во 21 часот, под отворено небо во Спортскиот центар „Ново Лисиче“,  започнува осмото издание на традиционалниот театарски Фестивал на комедијата „Гола месечина“.

На Фестивалот, кој и годинава ќе биде од ревијален карактер со целосен фокус на  македонската продукција на комедии, публиката ќе може да ги проследи претставите: „Чудесна терапија“ на Драмскиот театар – Скопје, „Што е силеџија“ на Театарот за деца и младинци – Скопје, „Мој термин“ на  Македонскиот народен театар – Скопје и „Вообразен болен“ на НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Претставите ќе почнуваат во 21 часот, а поради ограничениот број седишта (200), ќе може да се влегува само со бесплатни билети што може да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9 до 15 часот на денот на секоја претстава со приложување лична карта, и тоа само доколку се поседува сертификат за вакцинација.

Фестивалот, кој е во организација на Општина Аеродром и НУ Театар „Комедија“, ќе трае до 19 септември и ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

СДСМ: Со политизација на трагедијата, Мицкоски покажа елементарно непознавање на Уставот и законите

Следно

Шарени, меки и вкусни: Омлет мафини кои се подготвуваат за 15 минути!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian