Нови тензии меѓу Лондон и Пекинг: Забранет влез за кинескиот амбасадор во Парламентот

1 min read

Амбасадорот на Народна Република Кина во Велика Британија, Зенг Зегуанг, бил информиран дека му е забранет влез во британскиот Парламент додека санкциите се во сила.  

Инаку, кинескиот амбасадор денеска требал да присуствува на приемот во Долниот дом на британскиот парламент, чиј домаќин беше Парламентарната група на сите партии на Кина.  

Оваа одлука, како што пишува Би -Би -Си, може да предизвика дипломатска расправија меѓу Лондон и Пекинг. Инцидентот се случува во време кога тензиите меѓу двете влади се високи. Во март, Кина воведе забрани за патување и замрзнување на имотот на пет британски пратеници и двајца нивни колеги, кои ги обвини за ширење лаги за Кина.  

Тоа беше одговор на Кина на одлуката на Велика Британија да воведе санкции против кинеските службеници поради кршење на човековите права во Синџијанг. И покрај тоа, кинеската парламентарна група сепак одлучи да го покани кинескиот амбасадор на нивната летна забава со поглед на Темза. 

Минатата недела, четири од петте конзервативни пратеници што беа санкционирани напишаа дека  “Санкциите што ги воведе кинеската влада се напад не само директно насочени врз членовите, туку и врз парламентот, сите парламентарци, избраните комисии и парламентарните привилегии. Никогаш не смееме да дозволиме нашето работно место да стане платформа за потврдување и промовирање на таквите санкции” додаваат тие. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Необразована, но многу мудра и вредна жена: Која била мајката на Никола Тесла?

Следно

Фото: Мачки „заседаваат“ во дворот на Собранието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian