Необразована, но многу мудра и вредна жена: Која била мајката на Никола Тесла?

2 mins read

Мајката на Никола Тесла, иако необразована, имала фотографска меморија. Направила многу предмети и алатки за домаќинството, а според зборовите на Тесла: „Она што го гледа со очите, може да го создаде со раце“. И по што друго била позната Георгина Џука Тесла?

Георгина Џука Тесла, мајката на Никола Тесла е родена во Томингај, во семејството на српскиот православен свештеник Никола Мандиќ и Софија Мандиќ, од Грачац во Лика.

Како многу млада жена, Георгина морала да се грижи за шест браќа и сестри, бидејќи нивната мајка починала многу рано. Ова ја спречило оваа извонредна жена да оди на училиште и да го развие својот дар во поголема мера.

Тесла секогаш зборувал за неа со посебно воодушевување и сметал дека од неа го наследил иноватоскиот дух како и фантастичната моќ на меморијата. Можела да изработи и истражува разни предмети за домаќинството, и била позната низ целата област по своите ракотворби.

Иако не знаела да чита, многу сакала поезија и знаела напамет многу српски народни песни и извадоци од „Горски венец“ на Његош. Секогаш им помагала на болните и немоќните.

Според линијата од страната на нејзината мајка, Георгина била потомок на Будисавjeвиќ, семејство чии два члена во 18 и 19 добиле благороднички чинови од австриските императори врз основа на нивните воени заслуги. Од таа причина, семејството уживало во угледот.

Џука била столб на домот. Го чувала секој агол под конец, правела алатки, ткаела, везела. Посветила многу внимание на воспитувањето на децата, ги научила да бидат…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Српските одбојкари се првите полуфиналисти на Европското првенство

Следно

Нови тензии меѓу Лондон и Пекинг: Забранет влез за кинескиот амбасадор во Парламентот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian