На неполни 28 години почина македонскиот манекен Филип Алексовски

1 min read

Смртта на младиот манекен Филип Алексовски кој почина на само 27 години ја потресе јавноста. Филип на први октомври ќе наполнеше 28 години.  

Веста за неговата смрт ја потврди и Алек Наумовски, првиот човек на македонската модна агенција „Модел Ин“ каде Алексовски долги години градеше кариеше. 

-Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност, Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел модната приказна на Моделс Ин повеќе од 10 години – изјави Алек Наумовски од Модел Ин. 

-Потоа ги посетуваше нашите курсеви во 2010 година и од тогаш активно работеше како модел кај нас и во Белград. Беше на првата роденденска реклама за Скопје Сити Мол, два пати беше заштитно лице на модниот бренд Румор, се појави во кампањи за Bistisani, Sheezick na Reezick, Nike, реклами за Apple Bandit и Pepsi, фотосесии за Fashionel.mk, модни ревии за Кокев, Made in Macedonia, FSWK, Ристо Бимбиловски, Јован Петровски… Последната ревија му беше во јуни на настан на Британската амбасада, кога носеше модел на реномираниот дизајнер Никола Ефтимов, дополнува Наумовски. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Села: Македонците се ВАРВАРИ и БЕЗБОЖНИЦИ (ВИДЕО)

Следно

Хоспитализиран претседателот на Чешка од засега непознати причини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian