Photo Credits: Anadolu Agency

Муслиу: ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат во Скопје и тоа е најголемо изненадување

2 mins read

Аналитичарот Алберт Муслиу, во своето гостување на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24, укажа дека за него најголемо изненадување е тоа што ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат во Скопје: „За мене најголемото изненадување е што за Град Скопје, на пример, ја немаме таа исконската борба помеѓу двете најголеми партии. Имаме СДСМ со свој кандидат, и ВМРО подржува независен кандидат.“

Аналитичарот Никола Спасов, во своето гостување на „24 Анализа“ укажа дека се соочуваме со една тенденција за естрадизација во политиката, каде што се случува познати лица од други области во јавниот живот да се вклучат во политиката користејќи го својот претходен имиџ за да освојат гласови: „Тоа воопшто не ме чуди, тоа и дава главно една забавна димензија секогаш на кампањата. Некои од нив, ако навистина знаат умешно да говорат и добро се снајдат, може да остварат и многу добри резултати. Тоа не е ново, но од друга страна, повторно мислам дека тоа е во делот на политичкиот фолклор, изборниот фолклор, каде што на крај повторно ќе се сведе на мнозинство или владеење на некој што е поддржан од политичка партија или со политичка позадина“.

Според аналитичарот Владимир Божиновски, четири предуслови ќе одлучуваат кој ќе биде победник на локалните избори: број на освоени гласови на советничките листи, број на вкупно освоени општини, број на освоени поголеми општини, и кој ќе биде градоначалник на Скопје: „Доколку одредена партија успее да исполни три од тие четири, веќе можеме да говориме за победник на избори.“ Божиновски смета дека секогаш изборот за градоначалник на Скопје е најинтересен и дека ќе биде уште поинтересен со 12 кандидати: „СДСМ си го предложи досегашниот градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да поддржи независен кандидат за градоначалник, тука се нели и кандидатите од помалите партии, така да, мислам дека ќе биде најинтересно токму во Скопје.“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

ФОТО | Вакво нешто не е видено во историјата на црвените теписи! Најславната старлета во најскандалозно издание на Мет Гала

Следно

Прегазен пешак во Илинден, возачот на „ауди“ избегал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian