Меркел стигна во Тирана, првата средба е со Рама

2 mins read

Германската канцеларка, Ангела Меркел, која ќе престојува во официјална неколкуласовна посета, пристигна на аеродромот во Тирана.  

 Taa беше пречекана од министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, германскиот амбасадор во Тирана, Петер Зинграф и албанскиот амбасадор во Германија, Артур Куко.  

 Џачка ја поздрави германската канцеларка и преку објава на социјалните мрежи и изрази благодарност за поддршката на Меркел за европската интеграција на Западен Балкан, како и за зајакнување на соработката и развојот на регионот.  

 -Чест и задоволство ми беше да ја поздравам германската канцеларка, Ангела Меркел, која пристигна во Тирана на важни средби со премиерот Еди Рама и лидерите од регионот. Благодарност за нејзината поддршка за европската интеграција на Западен Балкан, како и за зајакнување на соработката и развојот на нашиот регион, напиша Џачка. 

Под силно обезбедување Меркел пристигна пред Палатата на бригадите каде ја пречека премиерот Еди Рама. При поздравувањето Рама и подаде рака, но таа го потсети на протоколите, поздравувајќи го тупаница.

Германската канцеларка има одвоена средба со Рама а потоа следува средба на двете делегации, додека заедничката прес конференција е околу 14:35 часот. 

Таа ќе се сретне со шефовите на влади на шесте земји од Западен Балкан, при што во преден план ќе бидат прашањата за регионалната соработка. Планирани се и разговори лице в лице со шефовите на владите на Северна Македониј, Косово, Босна и Херцеговина, и Црна Гора. Посетата на Меркел доаѓа како дел од Берлинскиот процес. 

Како дел од мерките за обезбедување за време на посетата на канцеларката во Тирана и премиерите на Западен Балкан во некои делови има блокади и пренасочување на движењето на возилата. 

Сите граѓани од 9 до 13 часот денеска мора да користат алтернативни правци за да стигнат до своите дестинации.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: ТРЧАЈ БЕ голема атлетска приказна со два нови македонски рекорди и балканско првенство во полумаратон

Следно

ТАЖНА ВЕСТ: Почина македонскиот манекен Филип Алексовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian