ЛШ: Неверојатен меч во Севиља, дури четири пенали за едно полувреме

1 min read

Едно неверојатно прво полувреме на натпревар од Лигата на шампионите кој ќе влезе во историјаѕа на европскиот фудбал. Дури четири пенали беа досудени на мечот во Шпанија помеѓу екипите на Севиља и Салцбург.

Фудбалерите на двете екипи заминаа на одмор со резултат 1:1, а гостите од Австрија можеа да имаат сигурна предност доколку беа попрецизни од пенал.

Прво, во 27 минута, Карим Адејеми не успеа да го реализира својот пенал, а потоа осум минути подоцна, сигурен реализатор на најстрогата казна беше Лука Сучиќ за предност на Салцбург.

Во 37 минута беше досуден уште еден пенал за гостите, овојпат од херој во трагичар се претвори Сучиќ.

И за домаќините имаше удар од белата точка, Иван Ракитиќ реализираше за израмнување во 42 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото: Мачки „заседаваат“ во дворот на Собранието

Следно

Славчо Попоски прогнозира: Жешко, пожешко, најжешко, изгор… еве кога!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian