Кривична пријава за кратовчанец, лажно пријавил украдено моторно возило

1 min read

Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода  Д.И.(20) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.

На 06.09.2021 во Полициската станица Чаир Д.И. пријавил дека на ул.„Гоце Стојчевски“ во Скопје му било одземено патничко возило „фолксваген туарег“ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување. Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Заев за „Слободен печат“: Не е точно дека некој некому дал некакви „бомби“ за да биде моќен

Следно

Три слободни денови за секој вакциниран во Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian