Косовската претседателка по посетата на Германија ќе отпатува за САД

1 min read

Претседателката на Косово, Вјоса Османи на крајот од оваа недела ќе отпатува за Њујорк, каде што ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата, преку неговата страница на Твитер, ја објави шефот на Кабинетот на Османи, Блерим Веља, кој порача дека „Косово ги ревитализира односите со своите сојузници”.

– Неделата на претседателката Вјоса Османи започна со прием на делегација на Обединетите Арапски Емирати, продолжува со официјална посета на Германија и на крајот од неделава ќе отпатува за Њујорк за 76-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации. Косово ги ревитализира односите со своите сојузници, напиша Веља.

Османи денеска ја започнува својата посета на Германија, која ќе трае до четврток, 16 септември, и во чии рамки, меѓу другото, ќе се сретне со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и шефот на дипломатијата Хајко Мас.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вардарци без Гурбиндо, но со браќата Њокас отпатува за Норвешка на дуелот со Елверум

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Цеца блеска во креација на македонскиот дизајнер Златко Јовановски: Пејачката препуштена на имагинацијата на „JZJ“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian