Холандија ја укинува социјалната дистанца, воведува ковид сертификати

1 min read

Холандските власти денеска објавија олеснување на ограничувањата поврзани со коронавирусот, вклучително и укинување на социјалното дистанцирање, и воведоа ковид сертификати за влез во барови, ресторани и за на фестивали, пренесува Ројтерс.  

Од 25-ти септември ќе биде потребна дозвола за влез во именуваните локации, која вклучува доказ за вакцинација, негативен тест или доказ за прележан вирус, за лица над 13 години, рече премиерот Марк Руте.  

Стапката на новозаболени во Холандија падна, иако Холандија на почетокот на пандемијата воведе поблаги ограничувања меѓу земјите во Европа, но потоа ги засили кога се случи новиот смртоносен бран на инфекција.  

Руте им рече на новинарите дека од 25-ти септември ќе се укине задолжителната социјална дистанца од 1,50 метри. Тој изјави дека сега повеќе луѓе можат да одат во кафулињата или рестораните и дека фестивалите и спортските настани можат повторно да се одржат со полн капацитет.  

Тој додаде дека здравствениот серификат веќе се користи во голем број други земји.  

Министерството за здравство на Холандија објави дека оваа дозвола не значи дека луѓето се принудени да се вакцинираат, а граѓаните можат да се тестираат за да стигнат некаде, и дека тестот засега е бесплатен. Сепак, носењето маска останува задолжително во јавниот превоз и на аеродромите, но не и во возовите. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сопственикот оставил БМВ со клуч на брава, полицијата го пронајде за два часа по кражбата

Следно

Од недела пад на температурите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian