Пратениците во Собранието денеска заседаваа, но ја прекинаа расправата откако опозицијата одлучи да ја напушти седницата. Во исто време, десетина улични мачки одржуваа свое „заседание“ во дворот на законодавниит дом.
Според новинарот Васко Маглешов, кој ја објави фотографијата на Фејсбук, мачешките делегати го одржуваат второто продолжение на 25-тата седница на нивниот маалски парламент, а засега нема информации за донесените заклучоци.