Баварците удрија по Барселона: Тие банкротираа, да беа германски тим веќе ќе беа избришани од професионалниот фудбал

1 min read

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес упати отровни стрели кон Барселона во пресрет на меѓусебната пресметка на овие две екипи на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Барселона има големи финансиски проблеми, а претседателот Жоан Лапорта призна дека долговите изнесуваат 1.3 милијарди евра.

– Барселона е банкрот. Доколку беше во Германија и работеше според германските закони, сега клубот ќе беше пред судија за прогласување банкрот и пред згаснување – изјави Хенес кој рече дека состојбата во германскиот фудбал не е многу подобра.

– Без гледачи на трибините губиме помеѓу 80 и 100 милиони евра годишно. Нашата банкарска сметка која беше „полна“ сега е многу помала. Се уште имаме пари и не ни требаат заеми и кредити, но доколку продолжи актуелната ситуација со пандемијата подолго тогаш ќе дојдат тешки времиња и за Баерн Минхен – изјави Хенес.

Ули Хенес целата фудбалска кариера ја помина во Баерн Минхен, а потоа и на раководни функции во клубот каде од 2008 до 2019 година беше и претседател на тимот, а сега е само член на управата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бочварски-Митровиќ: Преку размена на искуства до правилна урбанизација на просторот

Следно

Рама ја одликува Меркел со орден со голема ѕвезда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian