Започната, па запрена „акција“ за поддршка на директорот Бесими

2 mins read

Вработените во Клиничката болница во Тетово собираат потписи за поддршка за директорот во оставка Флорин Бесими. Шефовите на одделенијата и медицинскиот персонал на Болницата започнале со собирање потписи, преку кои изразуваат морална поддршка за директорот, но по барање на Бесими, ги прекинале овие активности.

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани, како и генералниот и економскиот директор на Општата болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, поднесоа оставки поради морална одговорност по трагичниот настан од 8 септември, кога 15 лица го загубија животот во пожарот што ја зафати модуларната болница во Тетово.

Раководителот на Одделот за гинекологија Нагип Руфати потврди за „Слободен печат“ дека вработените во болницата во Тетово собираат потписи за поддршка, но и дека таа активност е прекината, како што рече, за да ѝ се даде шанса на истрагата.

– Собраните потписи се тука. Ова е морална поддршка. Лекарите и медицинскиот персонал не се тие што ги отстрануваат или ги именуваат директорите. До крајот на истрагата сите овие активности за морална поддршка на директорот се во мирување – изјави Руфати за „Слободен печат“.

Првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, коментирајќи ги оставките на директорот Бесими и на заменик-министерот Хасани, рече дека кога „доаѓа од народот, нема како да се постапи поинаку“.

– Кога станува збор за луѓето, не постои начин да се постапува поинаку. И Илири и Флорини нема да престанат да придонесуваат за граѓаните и за општеството. Тие се со нас и блиски до граѓаните. Ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на јавната функција – изјави Груби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Песков: Нема да има средба Путин-Зеленски ако тема на разговорите е Крим

Следно

Стаса серверот со десет станици за полнење на терминалите за отисоци од прсти за локалните избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian