Заев: Не знам до каде е истрагата, одлуката за Филипче ќе ја донесам врз основа на експертскиот извештај

1 min read

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот професионален форензички извештај од истрагата ќе ја донесе одлуката во врска со оставката што до него ја достави министерот Венко Филипче.

– Тоа ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката. Впрочем, како што соопштив во соопштението кое го објавив во саботата, рече Заев по отворањето на МЕФ и дополни дека се уште нема информации од истрагата.

Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема трагедија.

– Тешко ни е на сите, на цел народ за големата загуба, се случи страшна трагедија, најтешко им е на семејствата, но и на мене. Јас сум само обичен човек, и јас чувствувам. Немам информација до каде е истрагата. Знам дека експерти форензичари од МВР работат заедно со тимови, од ДЗС за пожарите, стигнати и се луѓе од Германија. За мене е важно да има брз резултат зашто тоа го бараат граѓаните, но и Владата, институциите, извештајот да биде експертски, да ги даде сите одговори, истакна Заев.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Парламентарни избори во Норвешка

Следно

Необично име, незаборавен вкус: Песок торта – совршен спој на крем од ванила, ореви и кокос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian