Вонредна инспекција во тетовската болница, ДЗСИ проверува дали роднини влегуваат кај болните

1 min read

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) извршил вонредна инспекција во тетовската Клиничка болница, а фокусот на инспекторите бил на тоа дали на одделенијата на кои се згрижени ковид-болни, влегуваат и слободно се движат членови на нивните семејства, објави телевизијата 21.

За време на вчерашната инспекциска акција, некои одделенија биле затворени и никој не смеел ниту да влезе во објектите, ниту да излезе од нив, сведочат пациенти и нивни роднини.

„Вчера, ДЗСИ изврши вонредна контрола во Клиничката болница во Тетово. Подетални информации ќе соопштиме по нејзиното завршување,“ велат од Инспекторатот.

Контролата доаѓа по катастрофалниот пожар во модуларниот ковид-центар во болницата на 8 септември, во кој животите ги загубија 14 луѓе. Од ДЗСИ за Алсат велат дека нивните инспектори извршиле увид во околностите под кои роднини на пациентите престојувале во изгорената болница, но не откриваат какви се нивните наоди. Конкретни информации најавуваат откако ќе заврши истрагата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел: Косовското прашање мора да се затвори пред Србија да влезе во ЕУ

Следно

ФОТО | Змии на градите на Наташа Нинковиќ и Луна Ристиќ: Храбри тетоважи за храбри дами

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian