ВО ЖИВО | Премиерот Заев со воведно обраќање на „Македонскиот енергетски форум 2021“

1 min read

Во Скопје денеска почна дводневниот „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина”.

Форумот со воведно обраќање ќе го отвори премиерот Зоран Заев.

Покрај премиерот, воведни обраќања на Форумот ќе имаат и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, шефот на Делегација на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир и директорот на ЗИП Институт, Агим Селами.

На Форумнот ќе учествува и министерот за економија Крешник Бектеши, кој ќе биде говорник на панелот насловен „Придонесот на Западен Балкан кон Зелениот договор на Европската Унија”.

Предвидено е на Форумот да се одржат засебни панел-сесии на кои креаторите на политиките, лидерите на енергетските компании и експерти од оваа област од целиот свет ќе дискутираат за важноста на енергетиката, како и за предизвиците на одржливиот развој.

Форумот традиционално се одржува четврта година по ред во организација на ЗИП Институтот, Владата и Амбасадата на САД во земјата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пицула: Злоупотреба на верски настани не им прилега на кандидати за ЕУ

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Бритни Спирс се сврши со 12 години помладото момче: На раката ѝ блесна дијамантски прстен

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian