ВМРО-ДПМНЕ ја објави советничката листа за Битола

1 min read

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола и носител на советничката листа за престојните локални избори, Пеце Милевски, ја објави листата со која оваа партија ќе ги бара гласовите на битолчани.

По Милевски, на следните две места се наоѓаат двајца лекари, кардиологот Ненси Лозанче и гинекологот Михаил Вангелов. На 4 место е претседателката на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Битола – Марица Тодорова, а на 5. место е претседателот на УМС од Битола – Марко Јосифовски. Од ВМРО-ДПМНЕ се и Бојан Бојковски, Анета Геогиевска, Ѓорги Ѓоргиевски, поранешниот кошаркар Зоран Петковски, Викторија Христовска, која беше и во претходниот состав на Советот на Битола.

Од коалиционите партнери, на највисоко место е претседателот на ПОДЕМ од Битола – Златко Лозановски, а на 9. место е Марта Георгиевска од Социјалистичката Партија.

На листата ги нема досегашниот координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, Борче Димитровски, Николче Јанкуловски од ПОДЕМ…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДЗС: Бројот на попишани граѓани надмина половина милион

Следно

ВИДЕО: Воените маневри на границите на НАТО и ЕУ започнаа, „Запад 2021“ ги вознемири соседите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian