ВИДЕО: Воените маневри на границите на НАТО и ЕУ започнаа, „Запад 2021“ ги вознемири соседите

5 mins read

Русија и Белорусија ги започнаа стратешките вежби „Запад 2021“ на четири полигони за обука во Белорусија и девет во Руската Федерација.

Во воената вежба „Запад 2021“ учествуваат 200 илјади војници, бројки кои некои членки на НАТО не ни можат да ги соберат заедно. Во првата фаза од вежбите на 10-ти септември, учествуваа 12.800 војници, вклучувајќи 2.500 руски војници и 50 од Казахстан. 

Инаку, воените вежби „Запад 2021“ последен пат се одржаа во 2017-та година, а по четири години, тие повторно беа започнати. Интересно е и тоа што силите на Ерменија, Казахстан, Индија, Киргистан, Монголија и Шри Ланка ќе учествуваат во втората фаза од вежбите, кои ќе се одржат на полигоните за обука во Русија, додека Кина, Виетнам, Мјанмар, Пакистан и Узбекистан ќе испрати набљудувачи.  

Маневрите „Запад 2021“ се засноваат на кризното сценарио поврзано со „зголемените активности на илегалните вооружени групи, сепаратистичките и меѓународните терористички организации кои добија силна надворешна поддршка, а тие се одржуваат во случај на„ голем конфликт“. Со кого овие две држави би имале конфликт се уште не е јасно, но неофицијално се мисли дека тоа би биле НАТО. 

Во вежбите учествуваат речиси 200 илјади војници, 760 тенкови и пешадиски борбени возила, 80 воени авиони и хеликоптери и 15 бродови на морнарицата, објави руското Министерство за одбрана. Соседите како Украина и членките на НАТО Полска и Литванија велат дека таквите големи вежби толку блиску до нивните граници можат да бидат провокативни.  

Претседателот Владимир Путин негираше дека вежбите се насочени против било каква странска сила и вели дека се разумни со оглед на зголемената активност на НАТО во близина на руските граници и границите на нејзините сојузници.  

Маневрите „Запад 2021“ се одржуваат на секои четири години, но оваа година вежбите се сметаат за посебен сигнал за поддршката од страна на Русија за Белорусија и нејзиниот лидер Александар Лукашенко, што Западот остро ја критикува репресијата врз опозициските лидери и поддржувачи.  

Патем, Западот верува дека Русија ја гледа Белорусија како стратешки важна земја и ја штити директно од Западот. Русија и помогна на Владата на Лукашенко со заеми и политичка поддршка, додека тој, како што тврди ЕУ, со сила го задуши народното востание.  

Досега се одржани три воени вежби „Запад 2009“, „Запад 2013“ и „Запад 2017 “, а воената вежба „Запад 2017“ беше најпокриена од медиумите, додека „Запад 2009“ дојде во време кога Русија воспостави доверба по краткиот конфликт со Грузија во август 2008 година. 

Русија и Белорусија почнаа воени вежби „Запад-2021″

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ ја објави советничката листа за Битола

Следно

На донаторска конференција на ОН за Авганистан ветени една милијарда долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian