ВИДЕО: На Австралиец му смачило од полициски час, физички нападнал полицајци

1 min read

Австралиец денеска е обвинет за напад на полицајка во западниот дел на Сиднеј, пренесува 7њуз.ау.  

Видеото кое кружи на социјалните мрежи покажува како маж напаѓа една од полицајките и со колено неколку пати ја удира во нејзината глава.  

Нападнатата жена се обидува да го заштити лицето од ударите, додека нејзината колешка го прска со солзавец.  

Напаѓачот потоа избегал од местото на настанот, а по него тргнал случаен минувач.  

49-годишниот маж потоа бил уапсен и обвинет за неколку прекршоци, вклучувајќи кршење на антиквитети и напад на полиција.

Полицијата соопшти дека двете полицајки кои патролирале на улица му рекле на мажот да си оди дома, бидејќи започнал полицискиот час. На човекот очигледно тоа не му се допаднало, па тој станал агресивен и ги нападнал.  

По нападот, двете полицајки морале да одат во болница.  

Во Сиднеј, во сила се строги мерки против ширењето на ковид-19, кои не дозволуваат излегување од дома, освен од оправдани причини – како одење на работа, училиште, лекар или продавница.  

Градот е во строг карантин веќе 12 недели и трпението на граѓаните опасно се намали. 

ВИДЕО: Австралиците не сакаат локдаун, големи протести во Мелбурн и Сиднеј

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Седумдесетгодишна баба возела 60 км во спротивен правец

Следно

Визер најавува најголемо регрутирање пилоти и кабински екипажи во историјата на компанијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian