ВИДЕО: Митревски одличен, Порто со трофејот во португалскиот Суперкуп

1 min read

Во финалето екипата на Порто во Суперкупот на Португалија успеа да го совлада составот на Спортинг со конечен резултат 34:29 (20:17).

Свој значаен придонес со своите одбрани во освојувањето на трофејот имаше и македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски.

– Одигравме добро, но во некои моменти направивме некои грешки – рече тренерот на Порто, Магнус Андерсон.

Кај стрелците во победничките редови најефикасен беше Итуриза со шест голови, еден помалку имаше Валдес.

На спротивната страна Суарез шестпати се запиша во листата на стрелците, а петпати Тавареш.

Порто наскоро ќе го започне настапот и во Лигата на шампионите, својот прв меч ќе го има за два дена во Украина против Мотор Запорожје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Колкава е шансата да се заразите со делта сојот во овој момент

Следно

Силен земјотрес во Иран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian