Влегувајќи во 40-тата година од својата музичка кариера, Мадона и Ем-ти-ви видео-музичките награди имаат долго наследство и историја.
Церемонијата на доделување на Ем-ти-ви видео-музичките награди се одржа во неделата вечер, а спектакуларното шоу го отвори поп-иконата Мадона, која на сцената се појави пеејќи го својот хит „Вог“ од 1990 година.
View this post on Instagram
Шоуто се одржа во Њујорк, во Бруклин, а воведните сцени ја прикажаа легендарната Мадона која излегува од жолто такси и се качува на сцената на доделувањето на наградите.
View this post on Instagram
Водителка на музичкото шоу беше пејачката Доџа Кет.
На црвениот тепих се појавија многу sвезди од светот на шоу-бизнисот, а главните награди ги однесоа Џастин Бибер, Оливија Родриго, Били Ајлиш, Лил Нас Икс, корејскиот бенд БТС.

Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер е прогласен за „Изведувач на годината“. Примајќи ја наградата, Бибер истакна дека oвaа година не била лесна за никого поради пандемијата на коронавирусот, а особено ѝ се заблагодари на својата сопруга, Хејли Болдвин Бибер, со која се венча лани.

Соработката на Бибер со Гивеон и Даниел Цезар – „Peaches“, беше прогласена за најдобра „Поп-песна на годината“.
View this post on Instagram
Оливија Родриго ја освои наградата за „Поп-песна на годината“, а Лил Нас Икс ја доби онаа за „Видео на годината“.
Поважни награди: „Видео на годината“: „Montero (Call Me By Your Name)“ – Лил Нас Икс, „Уметник на годината“ е Џастин Бибер, „Песна на годината“ – „Drivers License“ на Оливија Родриго, „Најдобар нов изведувач на годината“ е Оливија Родриго, „Поп-песна на годината“ е „Рeaches“ на Џастин Бибер, во соработка со Гивеон и Даниел Цезар, „Хип-хоп песна на годината“ е „Franchise“ на Тревис Скот, со Јанг Таг и М.И.А., „Најдобра алтернативна музика и песна на годината“ е „My Ex’s Best Friend“ на Машин Ган Кели, „Ар-ен-би песна на годината“ е „Leave the Door Open“ на Бруно Марс, „Група на годината“- БТС, „Најдобра летна песна“ – „Butter“ на БТС, „Најдобра соработка“ – „Kiss me more“ на Доџа Кет и СЗА, „Најдобра латино песна“ – „Lo Vas A Olvidar“ на Били Ајлиш и Розалија…