ВИДЕО: ФИБА нè потсетува на македонската бајка, 10 години од сензацијата во Каунас

1 min read

Поминаа точно 10 години од досега најдобриот пласман на една македонска сениорска репрезентација на европските шампионати.

Во 2011 година нашата сениорска селекција тогаш предводена од Марин Докузовски го освои четвртото место на континенталниот собир кој се одржуваше во Литванија.

За првпат во историјата се најдовме во борбата за медали и бевме многу блиску да бидеме на подиумот Топ 3 најдобри европски кошаркарски репрезентации на тоа ЕП.

Денеска ФИБА ЕвроБаскет на социјалните мрежи го објави едно од најголемите изненадувања во историјата на Европските првенства.

Македонија пред 10 години во четвртфиналето ги шокираше домаќините, Литванците, кои беа совладани во еден крајно возбудлив финиш со резултат 67:65.

Владо Илиевски кого го спомнува ФИБА ја постигна клучната тројка за историска победа во „Жалгирис“ Арената во Кунас. Погледнете на видео записот како сето тоа изгледаше:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Претседателката на Словачка го пречека папата Франциск, меѓу подароците и полнач за електричен автомобил

Следно

ТВ Клан лиферува пробен балон: Нон-пејпер со големи амбиции и со аматерски грешки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian