ВИДЕО: „Бомба“ на Таунсенд, пресврт на Евертон против Барнли

1 min read

Фудбалерите на Евертон го совладаа Барнли на „Гудисон“ во последниот натпревар од четвртото коло во Премиер лигата. „Карамелите“ славеа со резултат 3:1, а до триумфот стигнаа по пресврт.

Екипата на Рафа Бенитез како да чекаше Барнли да го преземе водството. И гостите поведоа во 53 минута со првиот гол сезонава, Бен Ми.

На Евертон му беа потребни седум минути за израмнување, а помалку од шест минути за постигнување на три гола и целосен пресврт.

Мајкл Кин ја претвори асистенцијата на Андрос Таунсенд во гол во 60 минута, а потоа самиот Таунсенд постигна фантастичен гол само пет минути подоцна.

За конечни 3:1 во 66. минута, Демарај Греј ја затресе мрежата. Со третата победа во сезоната во која не знае за пораз, Евертон изби на четвртото место на табелата и се израмни со Манчестер јунајтед, Челси и Ливерпул по бројот на освоени бодови. Барнли останува на 18 место на табелата со само еден освоен бод.

Во следното коло Евертон ќе игра против Астон Вила, а Барнли ќе се сретне со Арсенал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лекарот Александар Димовски на чело на советничката листа на СДСМ и коалицијата во Битола

Следно

ВИДЕО: Турски молер жонглира со канти за боја наместо топка, стана хит на интернет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian