Три врвни имиња ја почнаа последната сезона во француската лига

1 min read

Францускиот ракометен шампионат никогаш посилен и покомпетитивен. Трката за титулата на ПСЖ започна од првото коло, а ова првенство е специфично по уште една работа.

Последна сезона во првенството на Франција играат Микаел Хансен, Надел Ремили и македонскиот репрезентативец и селектор Кирил Лазаров. Првите двајца следната сезона се селат во нови средини, Алборг и Киелце, а третиот ја завршува кариерата.

Тиражниот „Л’Екип” им посвети цела една страница на трите големи ракометни имиња, кои веќе го почнаа последниот француски предизвик. 41-годишниот Лазаров со ентузијазам гледа на новата сезона, негова четврта во Франција.

– Го продолжив договорот со Нант за да продолжам играњето на ова ниво и да испишувам историја со клубот. Двапати игравме на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а сега ќе се бориме за шампионатот на Франција и Лига Европа. Веќе четири години живеам една прекрасна приказна во овој клуб и со овие навивачи. И конкуренцијата е силна, посебно сега кога пристигнаа Милан Милиќ и Линус Персон – вели Лазаров.

Во првото коло на новото првенство, Нант загуби од Сесон Рен со 29:27, а Лазаров беше најефикасен на натпреварот со шест погодоци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арифи: Тетовската болница од повеќе институции барала помош околу безбедноста на модуларниот центар

Следно

Израелската полиција пукала во Палестинец кој претходно забодел две лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian